Hyperloop One успешно го тестираше системот Hyperloop во вакуум. Како што појаснуваат од Hyperloop One, тоа е само првата фаза која се одржа во пустината Невада во САД.

Возилото Hyperloop левитираше над првиот дел од стазата и постигна брзина од 112 километри на час. Во втората фаза целта е да се постигне брзина од 400 километри на час.

Тестирани се сите компоненти на системот од моторите, носачите, магнетската левитација, електромагнетното кочење, вакуумот и се останато што е дел од Hyperloop.

„Hyperloop One го оствари она што никој не успеа досега – успешно да тестира целосен систем на Hyperloop. Со помош на многу вакуум остваривме впечаток како да летате на 200.000 стапки во воздух. Прв пат по повеќе од 100 години претставен е нов начин на патување. Hyperloop е реален и веќе постои“, истакна еден од соосновачите на Hyperloop One.

Воедно, беше претставено и Hyperloop возилото, односно капсулата која со помош на електромагнетен погон и магнетска левитација ќе транспортира патници и товар. Капсулата е направена од алуминиум и лесни карбонски влакна.

Hyperloop One ќе ги транспортира луѓето и стоката побрзо отколку кога било. Ќe го направи светот многу поефикасен и ќе влијае на начинот на кој функционираат градовите. Ќе можеме да патуваме од град до град како да се станици на метро“додаваат од Hyperloop One.