Facebook планира да изгради сопствено „село со 1.500 домови за работниците на кои им е проблем да плаќаат кирија во се поскапата Силиконска Долина. Шефовите на најголемата социјална мрежа во светот минатата недела ги предадоа плановите за Willow Campus, според кои ќе градат цел кварт со продавници и јавни простори наспроти седиштето на компанијата. Како што наведуваат, на тоа биле присилени затоа што локалните власти не инвестираат во инфраструктура, што резултираше со раст на цените и долго патување за работниците.

„Нашата цел е да креираме село со мешовита намена кое ќе ги нуди потребните услуги, сместување и решение за патувањето до работа, но и канцелариски простор“велат од Facebook.

Во нивните канцеларии во Менло Парк работат повеќе од 9.000 луѓе. Градоначалничката на Менло Парк, Кирстен Кит, го поздрави планот на Facebook да се реши кризата со цената на кириите.zuckerberg village2

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Имено, само од 2010 година на поширокото подрачје на Сан Франциско се креирани повеќе од 640.000 нови работни места, а изградбата на станбен простор не е ни блиску до тој раст. Кит на Twitter напиша дека се надева дека и други компании ќе поднесат слични планови.

Според информациите, само 15% од становите на Facebook ќе бидат под пазарната цена. Инаку, Менло Парк со просечна цена за кирија од 3.934 долари за двособен стан е едно од најскапите места во САД.

ИЗВОР: 24sata.hr