LG конечно го претстави моделот LG Q6, кој е првиот модел од Q-серијата од средна класа, нудејќи
добар телефон со конкурентна цена. Главна предност е неговиот инвентивен FullVision дисплеј, со
тенки алуминиумски рамки.

 

LG Q6 доаѓа во три варијанти: Првиот е со 5.5-инчен дисплеј со FHD+ резолуција и 1080 x 2160
пиксели, 8 јадрен Snapdragon 435 процесор, и Adreno 505 графички процесор. LG Q6+ има 4GB
RAM/64GB меморија и достапен е во Astro Black, Ice Platinum и Marine Blue бои. LG Q6 доаѓа со
3GB RAM/32GB меморија и боите: Astro Black, Ice Platinum, Mystic White и Terra Gold. LG Q6a
(стилизираниот Q6α) има 2GB RAM/16GB меморија и достапен е во Astro Black, Ice Platinum и Terra
Gold боја.

 

Сите три верзии на LG Q6 се со 13MP задна камера и 5MP предна камера, што снимаат под агол од
100 степени. LG Q6 телефоните имаат Android 7.1.1 оперативен систем, со LG UX 6.0 кориснички
интерфејс, кој има технологија за препознавање на лицето, со што по брза постапка го отклучува
телефонот. Капацитетот на батеријата изнесува 3000mAh, што значи дека е доволно за да го држи
телефонот вклучен цел ден.