iPhone 8 ќе биде првиот смартфон на компанијата со OLED панел и наводно ќе доаѓа без Touch ID. Наместо тоа, компанијата ќе додаде опција за отклучување на уредот преку препознавање на лицето. Ова е технологија која Apple аналитичарот, Ming-Chi Kuo, ја нарече револуционерна.

Друга гласина е дека компанијата ќе претстави четири бои од смартфонот, од кој една ќе биде нова. Информациите доаѓаат од Benjamin Geskin, кој на твитер има споделено голем дел од концептите за изгледот на iPhone 8. Една од боите ќе наликува на огледало и ќе има рефлективна површина. За да покаже како би изгледало тоа, Geskin сподели неколку слики на твитер.

Доколку информациите се точни, половина од боите кои сега се достапни за iPhone 7 нема да ги има и кај iPhone 8. Сегашните бои се:

  • Jet Black
  • Black
  • Silver
  • Gold
  • Rose Gold
  • Red