Вештачката интелигенција влегува во кладилниците

Во блиска иднина, заинтересираните инвеститори со „нос” за работа и спорт би добиле можност своите пари да ги вложат во инвестициски фонд што ќе се потпира на прилично несигурен потфат – спортско кладење. Британскиот стартап Stratagem има вработени стручњаци за фудбал на кои работа им е да ги превидуваат исходите од натпреварите, како и сите други показатели на кои е можно да се обложите, од бројот на шанси за постигнување голови, преку слободните удари, корнери, па се до поставите на тимовите и конечниот резултат. За да бидат поуспешни во таа работа, ја искористија и помошта на вештачката интелигенција.

Алгоритмите на машинско учење полека учат како да „гледаат” фудбал, ги анализираат случувањата на тереност, и потоа ги бараат причините за одредените значајни настани. Основата на алгоритмоте е во гледање на голем број натпревари и извлекување на клучни податоци, како и минимизирање на влијанието на веројатноста.

„Кога имате удар од 30 метри низ 11 играчи и тој заврши како погодок, на ТВ е спектакуларно, но нам не ни е возбудливо – бидејќи настанот да се повтори 100 пати, исходот нема да биде ист. Но, кога го имате Лионел Меси кој трча на теренот и доаѓа во ситуација еден-на-еден со голманот, тука голот е со веројатност од 80 проценти. Нашиот алгоритам тогаш гледа што довело до таа ситуација”, вели Андреас Кукорнис, основачот на Strategem.

Оваа компанија примарно се бави со анализи на 22 фудбалски лиги во светот, и така собраните податоци им ги продава на кладилниците, но и на сите други заинтересирани за детална анализа на натпреварите. Сега, пак, планираат да соберат околу 25 милиони фунти за да го покренат првиот инвестициски фонд заснован на овие алгоритми. Се надеваат дека ќе пронајдат големи инвеститори кои ќе бидат подготвени да вложат пари, а тие потоа ќе го вложуваат во кладилница – надевајќи се дека нивните алгоритми (во соработка со стручњаците) почести ќе погодуваат отколку промашуваат во своите пресметки, па така ќе им осигураат одреден поврат на инвестицијата.

 

 

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

11 − 1 =