Производителот на камери RED креира телефон кој доаѓа со холографски дисплеј. Hydrogen One е телефон со 5.7 инчен дисплеј кој ќе може да прикажува и 3д, холографска содржина.

Со оглед на тоа дека нема други телефони со холограф, тешко  е да се замисли за што точно станува збор или како функционира технологијата. Она што е познато е дека за уредот нема да бидат потребни никави очила. Телефонот ќе доаѓа и со технологија за мулти-димензионално аудио, објави The Verge.

Телефонот ќе биде модуларен. Секако, со оглед на тоа дека станува збор за произодител на камери, најголем дел од додатоците ќе се однесуваат на фотографирањето. Вистинското прашање е колку холографскиот екран ќе ги заинтересира корисниците. Без оваа функционалност се чини делка Hydrogen One ќе биде само уште еден прескап паметен телефон.

Телефонот пристига во 2018 година. Цената започнува од 1.200, па се до 1,600 долари. За жал компанијата најавува дека цената можеби ќе се промени, а и модулите на телефонот нема да бидат достапни на почеток.