Познатата телевизиска, радиска и интернет мрежа BBC соопшти дека во наредните три години планира да инвестира 44 милиони долари за креирање содржини за деца со цел да ги одврати малите од користење на Netflix, Youtube и Amazon.

BBC има намера да креира онлајн содржини за деца како што се видеоклипови, квизови, игри, апликации… Според BBC, сите содржини ќе бидат наградени, ќе бидат обновени од нивната архива или ќе бидат преземени од некои квалитетни образовни и културни тела.

Кога станува збор за телевизијата, новите детски програми ќе се емитуваат на каналите како што се BBC Bitesize за едукација на деца постари од 6 години или на CBeebies за забава за деца помали од 6 години.

BBC го стартува проектот откако нивниот годишен извештај покажал дека Youtube е најомилен бренд кај 70% од децата на возраст од 6 до 12 години. Британската мрежа се бори да остане релевантна во развојот на нивниот дигитален простор.

ИЗВОР: Klix.ba