Научниците од Германскиот вселенски центар тестираат роботски машини во најактивниот вулкан во Европа на планината Етна. Експерти од Германија, Англија, САД и Италија се вклучени во проектот „роботски истражувања во екстремни средини“ кои се наменети за собирање информации за на роботската опрема која ќе треба да се употреби во вселената и при мисии на Месечината.

„Ова е хипотетички распоредување на слетување на Месечината и на Марс во иднина, каде ќе има многу роботи кои ќе се користат за транспорт и инсталирање на различни научни инструменти“, вели Борис Бенчке, вулканолог.

Тимот се надева дека научените техники во Етна, ќе се спроведат на мисии на Месечината или на истражување на Марс.