Snapchat објави нови функции кои сите ќе ги копираат

Snapchat во својата најнова надградба додаде голем број нови функции, од кои некои од нив наскоро ќе ги видиме и на другите слични сервиси.

Една од новите функции е Paperclip. Со ова корисниците ќе можат да додаваат URL во своите снепови, а функцијата досега им беше достапна само на брендовите на Snapchat. URL адресите е можно да се внесат или ископираат од clipboard.

Следната функција е Backdrops, која додава некои интересни нови ефекти во позадината на корисничките фотографии. Најпрвин е потребно да се обележи субјектот, кој ќе биде обележан со новата алатка, а апликацијата автоматски ќе примени позадински филтер на остатокот на фотографијата.

На крајот, тука е Voice Filters, кој овозможува избор помеѓу голем број филтри за корисничкиот глас во видео клиповите.

Надградбата донесува и Геофилтер функција на Android верзијата. Апдејтуваната Snapchat апликација е достапна за Android и iOS.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

seventeen − seventeen =