Оние кои се во потрага по педигре на спортски автомобил во својот нареден монитор, можат да се одлучат за најновите модели на компанијата AOC. Само што беа објавени два монитора, што беа креирани во соработка со Studio F. A. Porsche.

Дисплеите се сместени на заоблен сталак, кој служи и како механизам за спроведување на еден кабел, кој на својот крај се раздвојува во кабел за струја и HD

Кога се во прашање спецификациите, дисплеите имаат големина на екранот од 24 инчи (PDS241) i 27 инчи (PDS271). Секој екран стигнува со Full HD 1080p резолуција и одзив од 5 ms. Панелите имаат и многу тенки рамки околу екранот од горната, левата и десната страна.

AOC/Porsche мониторите се продаваат преку Amazon, по цени од 199 долари за 24-инчен и 249 долари за 27-инчниот модел.