Ја знаете онаа ситуација кога треба да погледнете на мапа каде точно се наоѓа некоја адреса, а се наоѓате во непознат град и ви истекол последниот мегабајт од вашиот телефонски интернет?

Сега Фејсбук доаѓа со нова опција “Find WiFi”, која овие денови е достапна во целиот свет.

Со помош на оваа Фејсбук апликација на својот паметен телефон може да најдете WiFi хотспотови во ваша близина, без оглед дали патувате во странска држава или шетате по својот град.

Станува збор за тоа што Фејсбук ги прикажува само оние компании и оргнизации кои одлучиле информациите за својот хотспот да ги споделат на Фејсбук. Секако, некои компании тоа ќе го искористат за да ги промовираат своите услуги и производи, а за корисниците е тоа бесплатен интернет.