До 2021. година 90 проценти од игрите во дигитален облик

Голем број на играчи се одлучуваат на дигитален облик на игри, кога купуваат нови видео игри. Една од причините е што дигиталниот облик е позгоден за манипулација од физичкиот. Нема потреба за дејствија како менување дискови/кертриџи, нема страв од оштетувања и заземање физички простор. Со дигиталните игри, еднаш кога ќе ги преземете повеќе не морате да се грижите за нив.

Ова се некои од причините што индицираат дека продажбата на дигиталните игри далеку ќе ја надмине продажбата на игри во физички облик. Компанијата EA верува дека 40 проценти од вкупната продажба на игри за конзоли ќе го сочинува дигиталното преземање на игри во текот на 2017. година.

Според проекцијата на компанијата IDATE DigiWorld Research, се сугерира дека до 2021. година дури 90 проценти од продажбата на игрите ќе ја сочинуваат дигиталните копии. Компанијата исто така предвидува дека глобалната продажба на дигиталните игри ќе порасне од 48,1 милијарда евра во 2017 година на 73.1 милијарда евра во 2021. година.

Сепак, не се очекува дека физичките копии на игрите ќе исчезнат во целост. Се уште постојат гејмери кои преферираат физички копии, пто поради омотите, што поради колекционерски намени или можностите тие да се препродадат.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

eight + three =