Дронот со соларно напојување, поддржан од Facebook, еден ден може да обезбеди насекаде во светот да се има пристап до интернет, дронот тивко го заврши тест-летот во Аризона, откако претходниот обид заврши со пад.

Долгорочниот план за дронот на основачот на Facebook, Марк Цукерберг наречен Акуила, е да го имаат и другите и да им се обезбеди пристап до интернет на 4 милијарди луѓе ширум светот кои сега се во темнина.

„Кога Акуила ќе е подготвена, тоа ќе биде флота од авиони на соларна енергија што ќе зрачат интернет за поврзување на целиот свет“, напиша тој на Facebook.

За тест-летот, беспилотното летало беше во воздух еден час и 46 минути и се издигна на 900 метри. Facebook сака беспилотното летало да лета на 18.000 метри и да остане во воздух со месеци.