Јапонија ќе прати човек на Месечината до 2030 година

Јапонија има сериозни планови да прати човек на Месечината до 2030 година, според Јапонскиот центар за вселенски истражувања (ЈАХА). За да се реализира оваа амбиција, агенцијата планира да учествува во проект кој ќе биде организиран и спроведен од Американската вселенска агенција (НАСА).

Патот до Месечината ќе биде искористен како пробно лансирање и подготовка за најавената мисија со екипаж до Марс.

Праќањето човек на Месечината, секако, не е лесен предизвик. За полесно да се совлада овој проблем, НАСА планира да тестира и усоврши одредени технологии кои ќе придонесат за успехот на мисијата. Во 2019 година, најавено е праќање на беспилотна капсула која треба да ја заобиколи Месечината, а истиот пат ќе биде поминат и во рамките на мисијата со екипаж, во 2021 година.

Во продолжение, НАСА би градела и „Дип спејс гејтвеј“ – вселенска база која ќе овозможи полесно да се спроведуваат всленески мисии и да го зголеми нивниот опсег.

Со вложувањето на време и на пари во проектот на НАСА, ЈАХА цели да обезбеди место на вселенската база и да ги реализира плановите за мисијата до површината на Месечината.

Во светски рамки, Русија, Кина и повеќе европски агенции веќе планираат слични патувања, но мисиите со екипаж се очекуваат по 2030 година. Ако ЈАХА успешно го спроведе својот проект, Месечината може да биде посетена за првпат по неколку децении, и тоа од јапонски астронаути.

Треба да се напомене дека информациите за почеток на нова вселенска трка сѐ уште се неофицијални. Јапонската телевизија, НХК, очекува официјална изјава од ЈАХА следната година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

twenty − 15 =