WhatsApp, една од најпопуларните апликации за инстант messaging константно ги унапредува своите Android и iOS сервиси. Во текот на претходните неколку месеци, апликацијата доби бројни нови функции, меѓу кои се и Статус, видео повикување, end-to-end енкрипција и делење на сите формати на фајлови.

Наредната функција, која WhatsApp ќе ја претстави е Night Mode. Функцијата ќе ги подобри фотографиите креирани во услови на слабо осветлување. Ова ќе биде направено во соработка со корисничкиот интерфејс на камерата. Се очекува функцијата да биде додадена и во опцијата за видео повикување.

Надградбата прва ќе ја добие iOS платформата на Apple, а потоа ќе пристигне на Android.