LG го претстави таблетот G Pad IV

LG го претстави наследникот на минатогодишниот таблет G Pad III 8.0 FHD.  Ниту оваа година компанијата не се одлучи за поинвентивно име, бидјеќи моделот за 2017 година се нарекува G Pad IV 8.0 FHD LTE.

Што се однесува до хардверските подобрувања, годинашниот модел доби понов процесор – Qualcomm Snapdragon 435 чии осум јадра работат на брзина од 1,4 GHz. Количеството на работна меморија е иста како и кај тројката (2 GB), но интерниот простор за сместување е зголемен на 32 GB.

На купувачите на кои не им се доволни 32 GB, имаат можност за накнадно проширување преку мемориска картичка (microSD до 2 TB). Конфигурацијата врзана за камерата остана иста – од двете страни и натаму се наоѓаат камери од 5 MP.

Истото вреди и за екранот (IPS), кој и оваа година има дијагонала од 8 инчи и резолуција од  1.920 x 1.200 пиксели. G Pad за 2017 година донесува поддршка за Bluetooth (4.2), Wi-Fi (802.11 a/b/g/n/ac), Miracast и LTE технологиите.

Во однос на G Pad III 8.0, годинашниот модел е нешто поголем (216,2 x 127 x 6,9 милиметри), но и 19 грама полесен (290 грама). Причината за ова е што батеријата со 4.800 mAh, оваа година е намалена на 3.000 mAh.

Од софтверска страна, G Pad и натаму е заснован на Android платформата, со тоа што G Pad IV 8.0 FHD LTE го покренува најновата верзја на Android – Nougat. Засега е 100 проценти сигурно дека таблетот ќе се најде во продажба на јужнокорејскиот пазар по цена од околу 305 долари, а за достапноста на останатите пазари, LG допрва треба да се изјасни.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

two × four =