Кон крајот на минатата година, Facebook објави алатка која на корисниците им помагаше го пронаоѓање на бесплатна јавна WiFi конекција. Функцијата беше во фаза на тестирање и достапна на селективните пазари. Сега Facebook објави дека WiFi трагачот е достапен глобално.

„Денеска почнуваме со објава на Find Wi-Fi секаде низ светот, за Android и iPhone. Го лансиравме Find Wi-Fi во неколку земји минатата година и откривме дека сервисот им помага на луѓето кои патуваат или се во движење, а посебно е корисен во областите каде што се оскудни мобилните податоци. Find Wi-Fi помага во лоцирање на достапните WiFi хот спотови во близина кои своето работење го делат со Facebook на својата страница”, истакнуваат од социјалната мрежа.

Се што им е потребно да направат на корисниците е да кликнат на “More” табот во Facebook, одат на Find WiFi, по што ќе можат да ги лоцираат WiFi хот спотовите на мапа, како и да дознаат повеќе за компаниите што ги хостираат.