На улиците на Дубаи наскоро ќе почнат да се движат роботизирани патролни автомобили кои ќе ги одменат полицајците.

Овие минијатурни „возила без возач“ се опремени со најсовремена технологија и системи за автономно управување и ќе патролираат 24 часа дневно на улиците на Дубаи.

Автономните патролни автомобили можат да се движат целосно самостојно и да ги избегнуваат препреките на својот пат, како другите возила и пешаците и да ја надгледуваат околината со помош на камери кои покриваат 360 степени.

Роботско возило опремено е исто така и со биометриски скенер што му овозможува да трага по осомничени лица. Во состојба е и да препознае сомнително однесување на лицата на кои ќе наиде и да ги следи бегалците со помош на дрон кој го носи со себе и кој се активира по потреба.

Овој робот на четири тркала оспособен е и да детектира сомнителни предмети оставени без придружба-како торби, што ќе биде од голема корист во борба против тероризам.

Роботот кој е наречен „O-R3“ е дело на  сингапурската стартап компанија „OTSAW Digital“. Иако може да извршува сложени задачи, не е замислен целосно да ги замени полицајците во патролирањето, туку да им пружи подршка и помош во надгледување на теренот и главно ќе биде користен во деловите кои се најпосетени од туристите.

Првиот ваков робот ќе се појави на улиците во Дубаи до крајот на годината, а властите на градот планираат до 2030 година тие да сочинуваат една четвртина од сите патролни возила.

Погледнете како функционира овој футуристички полицаец на тркала