Google објави нова надградба на апликацијата Photos, која ќе ни овозможи да ги препознаваме луѓето на фотографиите.

Истата опција ќе биде применувана и кај вашите фотографии кои се наоѓаат во албумите на вашите пријатели.

Исто така, новата опција Shared Libraries овозможува да ги споделувате фотографиите со блиските околу вас.

Инаку, Google претходно го најави проектот наречен Lens, што ќе ги претвори камерите на сите Google корисници во пребарувач на интернет.