Иницијативата за воведување на услугата„пејпал“ (PayPal) на продажните места во Македонија, предводена од Венко Глигоров денеска испрати писмо и список на иницијаторите до новиот министер за финансии, Драган Тевдовски.

Писмото е пратено и до четири други надлежни државни институции: Кабинетот на вицепремиерот задолжен за економски прашања, Народната банка на РМ, Министерството за економија и Министерството за информатичко општество и администрација.

Поддршка на иницијативата дадоа повеќе од 1100 правни и физички лица.

„Недостатокот на PayPal за продажни места во Македонија претставува пречка за развојот на претприемаштвото, не овозможува услови за поголем извоз на македонски производи и услуги во странство и се јавува потиштеност кај македонските стопанственици дека Македонија речиси секогаш назадува со современите текови во светот.“ стои во писмото упатено до Министерот.