На натпреварот беа пристигнати фотографии од 140 земји во различни категории како Портрет, Апстракција и Живот

Неодамна беа објавени победниците на Натпреварот за фотографии направени со iPhone за 2017 година. Целта на натпреварот е да покаже дека камерата на телефонот е повеќе од доволна за да се „уловат“ прекрасни фотографии, но и да се овековечи момент во ситуации кога нема фотоапрат при рака.

Фотографиите за натпреварот биле пријавени од илјадници корисници на iPhone од повеќе од 140 земји, во различни категории како портрети, апстракни фотографии и мртва природа.

Оваа година, главната награда ја доби Себастиано Томада од Бруклин, Њујорк. Победничката фотографија е направена со iPhone 6S, а е насловена „Деца шетаат по улиците на Кијара близу до огнот и чадот кој излегува од базени со нафта, запалени од милитантите на ИСИС“.

За фотографка на годината е прогласена Бранда О` Се од Корк, Ирска, за нејзината фотографија од раце на морнар.