Чисти линии и суптилен акцент е она што прво се забележува во врска со овие необични, но во исто време и генијални звучници. Тие се направени од бетон, а минималистичкиот стил е она што освојува кога е во прашање спроведување на индустрискиот стил.

Тоа се рачно изработени звучници, а секој од нив е право уметничко дело зад кое стои Utopia Audio.

Имено, површината на секој звучник има уникатна текстура и карактеристичната сивкаста нијанса. Бидејќи има мешање на различни пигменти, минерали, мермер, тоа значи дека секој од нив е уникатен. Во поглед на техничките спецификации, се работи за безжичен звучник кој се спојува преку Bluetooth, обезбедува извонредна аудио искуство, а со својата неочекувана естетика дефинитивно ќе го истакне секој агол од нечиј простор.