Прв пат во историјата, бројот на луѓе кои имаат пристап на интернет ќе го надмине бројот на оние кои го немаат.

Воопшто не се поставува прашање дека развојот на технологијата го менува светот и нашиот секојдневен живот. На подобро или на полошо, ви оставаме вам сами да процените. Но, како светот ќе изгледа за неколку години? Да речеме во 2020?

Во Facebook одлучија да се позанимаваат по тоа прашање и помеѓу милионите податоци кои им се на дофат, извлекоа некои што би можеле да укажуваат на тоа што не чека во иднина.

Така, според некои проценки до 2020. година, поголем дел луѓе ќе поседуваат смартфон отколку што ќе имаат пристап до вода или струја. Прв пат во историјата, уделот на луѓе кои имаат пристап на интернет ќе го надмине уделот на оние кои го немаат.

Во Facebook проценуваат дека до 2000. година, повеќе од 75 проценти на мобилниот интерне сообраќај ќе отпаѓа на видео, бидејќи луѓето се 1,5 пати посклони да гледаат видео на мобилен уред отколку на компјутер,

Користењето на мобилните уреди им овозможи на луѓето секогаш да бидат во тек со настаните околу нив, но им ја намали концентрацијата. Па така, кога го прегледуваат својот Timeline на компјутер, корисниците трошат 2,5 секунди, додека на мобилен уред трошат само 1,7 секунди.

Интересно е дека се повеќе луѓе ќе ја користат можноста за видео во живо. Во денешно време секое петто видео на Facebook е всушност пренос во живо. И не, во тоа не се вбројуваат само медиумите или познатите личности кои така комуницираат со своите следбеници.

Ќе исчезне границата помеѓу виртуелната реалност и проширената реалност и „вистинската“ реалност. Луѓето со помош на виртуелната и проширена реалност ќе испробуваат обледка и обувки пред купувањето, ќе тестираат автомобили или дестинации што сакаат да ги посетат, а и одењето на натпрвера, во кино или концерт ќе поприми нова димензија.

Виртуелната реалност ќе ги допре и нашите меѓучовечки односи. Дури 93 проценти од испитаниците очекуваат дека до 2020. година ќе запознаат на овој начин. Освен тоа, секое трето сурфање на интернет ќе се извршува со помош на гласот, а не екраните бидејќи се повеќе луѓе ќе ги користат личните виртулени асистенти.

А што мислите вие, што ќе се промени до 2020?