Студенти направија автобус на погон на мравја киселина

Група студенти од Холандија открија начин како да складираат енергија која е поевтина за правење, попрактична и поодржлива од алтернативните обновливи извори. Тие го креираа првиот автобус во светот кој се движи на мравја киселина.

„Тоа е поевтино од водород, а имаме и бенефити врз средината од неговото користење. Ние ја градиме сопствената иднина“ вели Лукас ван Капелен од компанијата Team Fast од Холандија.

На проектот работат околу 40 студенти. Целта им е да направат транспорт без емисија на штетни гасови, што ќе му помогне на светот во борбата против климатските промени.

Мравјата киселина може да се најде во природата затоа што се испушта при убодите и загризите на мравките и други инсекти, а оваа едноставна карбокиселина веќе се користи во призводството на текстил и кожа, како конзерванс за храната за животни и во некои средства за отстранување бигор.

Team Fast откри дека оваа киселина ефикасно носи состојки поребни за водородните ќелии на горивата кои се користат за напојување на електрични возила. Новодобиеното гориво наречено хидрозин е во течна состојба и лесно може да се транспортира. За разлика од другите горива, хидрозинот е многу почист.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

13 + ten =