Минатата недела, WhatsApp полека почна да ја донесува можноста за споделување на фајлови од било кој тип, а сега корисниците на Android бета апликацијата известуваат за новите функции. Тука е media bundling и новиот екран за повикување.

WhatsApp beta за Android корисниците донесува измена во начинот на кој групните фотографии му се прикажуваат на следачот и примачот. WhatsApp корисниците можат да испраќаат поголем број фотографии до своите пријатели, кои сега ќе ги добијат во пакет, а не како претходно, една по друга.

Тука е и помалата измена за WhatsApp екранот за поврзување, каде што корисниците сега можат да повлекуваат нагоре, наместо во страна, за да одговорат за повикот.

Според наводите на сајтот Android Police, двете нови функции им се прикажуваат на корисниците во Android beta верзијата на апликацијата, додека можноста за делење на било кој тип на фајл полека пристигнува до корисниците на стабилната верзија на апликацијата.