Компaнијата Qing-X Architectural Studio од Пекинг, ја заврши изградбата на низа футуристички метро станици кои изгледат како од филмовите со научно фантастична тематика. Спиралните метални тунели ги обвиткуваат подигнатите платформи додека истовремено обезбедуваат голема количина дневна светлина и природна вентилација.

Архитектот Ji Jun бил инспириран од едноставната, но функционална форма: „Закривена хартија затегната на двата краја која изгледа како да ја влечат моливи“ Овој концепт е рефлектиран на облогите на цевкастите платформи, со што се создава чувство на единство и овозможува движење низ многуте станици на метрото.

Во моментот, функционални се 11 вакви станици, со 9 надземни и 2 подземни ленти. Станиците се состојат од 3 ката.

На врвот кој е отворен, се наоѓаат метални и стаклени платформи. Покривите над платформите содржат плочи за дождовница со вентилациски отвор. Подрачјето околу станиците е опкружено со зелен појас.