Mac компјутерите на Apple продолжуваат да бидат поотпорни на вируси од Windows системите, покажуваат податоците од новиот извештај на компанијата за безбедност McAfee. Иако растот на бројот на заканите, Mac останува релативно слабо засегнат од вируси, во споредба со Windows компјутерите.

Во првото тримесечје од годината бројот на заканите за Apple Mac е зголемен за 53%, тврди McAfee. Компанијата регистрирала 700 илјади случаи на зарази, но се забележува пад на појавата на нови видови на вируси за Mac OS.

Главниот дел од вирусите во моментов спаѓаат во категоријата на рекламниот софтвер, прикачен на апликации, симнувани од корисниците. Токму на овој тип апликации се должи растот на бројот на инфекциите за Mac. Но иако рекламниот софтвер ги иритира корисниците, тој не штети на датотеките.

Ситуацијата кај Windows сепак е доста полоша. Во првото тримесечје McAfee регистрираше околу 700 милиони случаи на инфекции на различните верзии на Windows, односно 1000 пати повеќе отколку кај MacOS, а во исто време разликата во популарноста на двете платформи е многу помала. Ова несовпаѓање се објаснува со поголемата отпорност на MacOS кон вирусите, во споредба со Windows.

При мрежните напади најактивни се „црвите“, кои се одговорни за 24% од нападите, проследени со DDoS нападите со 20% и директните напади против прелистувачот со 23%. Во околу 8% од случаите се користат физички влијанија, при 7% е нападнат протоколот SSL, а 6% од мрежните напади се потпираат на малициозен софтвер.

McAfee го разгледува и потеклото на DDoS нападите извршени од ботмрежи. Излегува дека 39% од ботмрежите во првиот квартал биле распоредени на територијата на САД. На второ место со 10% е Германија, следена од Кина, Јужна Кореја и Холандија со по 5%, Русија со 4%, Јапонија и Велика Британија со 5%.