На врвот на зградата која моментно се гради во Чикаго ќе се наоѓа огромно Apple лого, па гледајќи од височина, би можеле дури и да ја замените за MacBook благодарение на заоблените рабови

Apple продавниците инаку се познати по своите единствени архитектонски решенија. На пример, ја имаме прекрасната Regent Street продавница, или онаа во Dubai Mall, која неодамна се отвори. И надворешниот и внатрешниот дизајн внимателно го следат статусот на компанијата и сето она што го носи со себе. Продавницата што се гради во Чикаго исто таба пробува да се одвои од дизајнот што беше избран за зградите која ја опкружуваат: продавницата со површина од 1.858 квадратни метри ќе има големи стаклени плочи како ѕидови, а врвот на згрaдата ќе биде направен од јагленски влакна, на кој ќе се наоѓа огромното лого на Apple.

Првите прикази на продавницата се објавени во 2015, на кои веќе можевме да видиме архитектонски карактеристики во стилот на Prairie, кој се одликува со благо закосени покриви, значително испакнати стреи, нагласени хоризонтални линии, интеграција со околината и употреба на природните материјали. Стаклените плочи се составени од 1.2 cm дебели елементи кои се споени во 4. слоја. Уште една интересна работа е тоа дека просторот е централен елемент на продавницата, што може да се види во плановите, но не ја уништува природата благодарение на стаклените површини. Ако крајниот резултат изгледа како ова, ќе мораме да им честитаме на архитектите.

Компанијата Foster + Partners базирана во Лонодн навистина се надмина самата себеси. Извештаите велат дека најдебелиот дел на ѕидовите на зградата изнесува само 1.2 метри, додека најтенкиот дел изнесува 10 см. Тоа создава многу убаво и проѕирно доживување во целата конструкција; благо заоблениот покрив и логото на Apple на врвот може да создадат чувство дека компанијата изградила огромен MacBook. Постои можност, логото да остане трајно сместено на врвот, иако тоа не било планирано.

Продавницата, секако, ќе ги има сите нови карактеристики која компанијата веќе ги претстави минатата година во Apple Store што се наоѓа во Сан Франциско, вклучувајќи го и надворешниот плоштад со видеозапис едноставно наречен „Форум“. Засега, се уште немаме информации кога точно овој голем MacBook ќе биде отворен. Ако по некој случај се затекнете тука, секако погледнете го, бидејќи ќе биде прилично импозантна глетка.