Се сеќавате ли на Google Glass? Пред неколку години Google го претстави проектот за паметни очила и покрај високата цена успеа да продаде одреден број примероци од моделот. За жал, ваквиот тип на производ не успеа да собере доволно популарност главно поради издржливоста на батеријата, вредноста и ограничената функционалност.

Потоа Google престана да ги продава очилата на обичните корисници, a подоцна ги насочи своите сили во развојот на опција за бизнис корисници, кој вклучува неколку дополнувања, повеќето од суштинско значење од кои е подобрен живот на батеријата.

Во меѓувреме три години подоцна од компанијата ја објавија првата софтверска надградба за моделот. Во изминатите неколку дена апликацијата за Android MyGlass и системскиот софтвер на Google Glass беа обновени. Надградба е со верзија XE23 и доаѓа со подобрувања во перформансите, отстранети грешки и подобра поддршка на Bluetooth кој им овозможува на очилата да бидат поврзани со Bluetooth уреди како тастатури и глувци.

Апликацијата исто така веќе ќе може да праќа извештаи до Google Glass и Android Wear уреди истовремено. Засега се уште не е јасно дали Google планира да го развива проектот со нови уреди, иако од време на време добиваме слични информации.