Анкета на корисници направена изминатата недела покажува дека има голем број на начини на кои корисниците би можеле да заработат пари или да промовираат кауза, како на пример „тегла за бакшиш“, брендирана содржина и земање процент од рекламите кои Facebook ги заработува од објавите.

Во анкетата корисниците требало да одговорат и дали сметаат дека треба да има call to action копче, односно начин на кој корисниците би можеле директно да донираат пари преку Фејсбук, како и „пазар на спонзори“, каде корисниците можат да се поврзат со рекламни агенции.

Не е јасно дали Facebook планира овие можности да бидат достапни за сите корисници, или пак цели само кон верифицираните профили.

Компанијата моментално не им нуди на индивидуалните корисници начин на кој би можеле да заработуваат преку објави на мрежата.

„Сѐ уште е многу рано, но посветени сме на создавање на одржливи, долгорочни модели на монетаризација за нашите партнери и го слушаме фидбекот“, изјавила портпаролка од Facebook за The Verge.