Следниот Samsung Gear VR ќе има OLED екран со 2000 ppi

Samsung во текот на претходните години објави неколку Gear VR кациги, а сите имаа една заедничка работа – функционираа така што смартфонот се уфрлува во нив. Следната генерација на Gear VR, која моментно е во развој ќе ја прекине оваа традиција.

Следниот Gear VR, наводно, ќе биде прва самостојна кацига во серијалот. Ќе има свој екран, кој ќе биде OLED,  а ќе го одликува неверојатна пикселизација од 2000 пиксели по инч. Ова би требало да ги премости проблемите со вртоглавица и мачнина, кои вообичаено се поврзани со VR кацигите. Samsung верува дека кога ќе се помине 1000 ppi за VR, престануваат сите проблеми со реалноста и тегобите.

Јужнокорејската компанија досега не ги коментираше овие наводи, но би било интересно да се види Gear VR кој на пазарот се натпреварува со Oculus Rift и HTC Vive во виртуелната реалност.

Извор: GSMArena

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

fourteen + 13 =