Alibaba веќе сега е економски посилна од Шведска, Полска, Иран, Норвешка и Австрија. Моментно, Alibaba е 22. на списокот на најголемите економии во светот, веднаш зад Аргентина.

Основачот на кинескиот гигант Alibaba, Џек Ма е уверен дека компанијата до 2036 година ќе биде петта сила во светската економија.

 

„Доколку компанијата може да услужи две милијарди потрошувачи, тоа е една третина од вкупните жители. Ако може да создаде 100 милиони работни места, тоа е веројатно повеќе од она што можат да го постигнат поголемиот дел од владите. Ако може да ги поддржи своите бизниси со 10 милиони… тоа се вика економија“, изјави Ма.

Alibaba сака да заработи илјада милијарди долари до 2020 година и така да стане 16. економија во светот, поголема од Турција или Саудиска Арабија. Со ова темпо, во 2036 година компанијата би била помеѓу првите пет компании, веднаш зад САД, Кина, ЕУ и Јапонија, смета Ма. Додаде дека дотогаш би требало да отворат и 100 милиони работни места.