Ако и вашето дете си игра со популарната играчка спинер, ова би требало да го знаете…

Навидум безопасната играчка може да ви преседне ако вашето дете е помало од десет години или е со поситна градба.

На социјалните мрежи се појавија фотографии на загрижени родители кои поради моделот, кој има дупки (на средина или на краевите), морале своите деца да ги носат на хирургија затоа што им се заглавил прстот.

Затоа, обрнете внимание на тоа како вашето дете игра со спинерот, објаснете му што може да се случи.