Според изворите од самата индустрија што ги пренесува DigiTimes, вкупните испораки на OLED телевизорите до крајот на годината био требало да ја достигнат бројката од 2 милиона примерока, што е двојно повеќе во однос на испораките на OLED телевизорите во текот на 2016 година.

Водечката позиција на овој пазар и натаму ќе ја задржи компанијата LG која до крајот на годината ќе испорала 1,5 милиони OLED телевизори, во однос на околу 900 илјади такви телевизори испорачани минатата година.

Благодарејќи на фактот дека ги осигураа испораките на OLED TV панели од LG, на пазарот на OLED телевизори ќе му се приклучат и компаниите Sony и Panasonic со 300 односно 200 илјади испорачани OLED телевизори до крајот на оваа година.