Dell кон крајот на овој месец, поточно 27. јуни во продажба ќе пушти нови модели на десктоп компјутери од Alienware серијата. Новите Alienware Area-51 модели зависно од желбите на купувачите ќе бидат опремени со процесори од Intel или AMD и графички картички од Nvidia или AMD.

Intel ќе биде застапен со новите Core X HEDT процесори со 6, 8 и 10 јадра, додека AMD ќе го застапуваат Threadripper процесорите со 12 и 16 јадра. Компјутерите независно од избраниот процрсор ќе биде можно да се опремат до 64 GB четириканална DDR4 RAM меморија со брзина од 2.933 MHz.

Врзано со графичките картички, купувачите ќе можат да изберат помеѓу картичката GeForce GTX 1050 Ti па се до GeForce GTX 1080 Ti моделот, а љубителите на графичките решенија на AMD помеѓу Radeon RX 570 и Radeon RX 580. Купувачите кои ќе се одлучат за повеќе од една графичка картичка, зависно од избраниот модел ќе можат да ја употребат SLI и Crossfire технологијата и така дополнително ќе ги зголемат играчките перформанси.

Што се однесува до просторот за складирање, на купувачите ќе им бидат на располагање разни комбинации на SSD и HDD. Dell во понудата ќе стави SSD дискови до капацитет од 1 TB и хард дискови до капацитет од 2 TB. Во продажба најпрвин ќе се најдат модели со процесорите на AMD, а подоцна во текот на летото ќе се појават и модели со Интеловите процесори. За цените засега Dell мудро молчи.