Twitter пред неколку дена го претстави новиот дизајн, кој стандардните правоаголни профилни слики ги заменува со нови, кои имаат кружен дизајн. На многумина не им се допаѓа овој изглед, посебно кога е во прашање десктоп верзијата на Twitter.

Сега се појави нова Chrome екстензија, која им го решава проблемот на оние корисници на кои не им одговара новиот Twitter дизајн. Екстензијата го носи името Twitter Debubbler, а ја креираше Каи Брукерс. Експанзијата е достапна овде, како и во Chrome Store.

На следните фотографии може да се види како изгледа Twitter со новиот дизајн и имплементираната екстензија.

ИЗВОР: TheNextWeb