Еве како да дознаете кој го гледа вашиот профил на Facebook

Facebook со новата опција „Stories“ на корисниците им овозможува да дознаат кој го следи секој нивни чекор на најпопуларната светска социјална мрежа

Имено, опцијата „Stories“ која стигна и на Facebook апликациите, им овозможува на корисниците да видат кој од нивните пријатели погледнале што било објавено. Споменатата опција е преземена од Snapchat, а Facebook на почеток ја интегрира во Instagram, Messenger и WhatsApp, а на крај и во главната апликација.

На сите споменати платформи таа функционира исто. Корисниците објавуваат фотографии и снимки што нивните пријатели можат да ги погледнат, а кои ќе исчезнат во период од 24 часа. Исто така, во секој момент е возможно да се види бројот на пријатели кои ја погледнале вашата објава, како и нивните имиња.

Сето тоа не би било чудно, ако Facebook не истакнеше дека нема да им овозможи на корисниците да дознаат кој ги погледнат нивните профили, а опцијата „Stories“ сега е совршена алатка за следење на луѓето.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

2 × 2 =