Samsung пред неколку месеци го претстави Galaxy Tab S3, но ова нема да биде единствен таблет кој јужнокорејската компанија ќе го претстави оваа година. Таблетот од средниот сегмент, со ознака на модел SM-T385, неодамна е забележан на GFXBench.

Со оглед на тоа дека Galaxy Tab A 8.0 е познат под ознаката Samsung SM-T350, новиот таблет би можел да биде наследник на минатогодишниот модел. GFXBench листата открива некои од спецификациите на уредот, како што е 1.4GHz Qualcomm Snapdragon 435 процесорот, 2 GB RAM и 16 GB интерна меморија.


Galaxy Tab A 8.0 (2017) има 8-инчен HD дисплеј  (1280 x 800 пиксели), како и 8 мегапикселна камера на задната страна и секундарна селфи камера од 5 MP. Нема информации за батеријата, а таблетот би требало да го има Android 7.0 Nougat оперативниот систем.

Galaxy Tab A 8.0 (2017) најверојатно ќе биде официјализиран во текот на IFA 2017 саемот во септември, но компанијата за уредот би можела да користи поинакво маркетиншко име.