Amazon го претстави Dash Wand како „магично стапче“ со кое треба само да го кажете името на
предметот и преку софтверот за пребарување истиот ќе биде додаден во вашата онлајн кошничка за
шопинг.

Dash Wand на Amazon функционира слично како смарт звучникот Echo со тоа што повеќе е негова
мини верзија и насочена кон полесен и побрз шопинг, па така предметите кои сакате да ги купите ќе
може веднаш да ги нарачате.

Со Amazon Dash Wand исто така може и да скенирате предмети или производи и да добиете
соодветни предлози од онлајн продавницата. Dash Wand чини 20 долари, но со тие пари добивате и
купон за шопинг од иста вредност што практично значи дека е бесплатно.