Google Drive станува полнокорвна алатка за бекап

Од Google најавија нова надградба на сервисот Google Drive што ќе стане достапна на 28. јуни. Оттогаш, на сите бизнис и приватни корисници на овој сервис за cloud складирање на податоци ќе им биде достапна апликацијата “Backup and Sync”. Како што говори и самото име, оваа десктоп апликација (во изведби за Windows и MacOS) ќе овозможи автоматска изработка на сигурносни копии на податоци и синхронизација на локални и cloud мапи.

Новата апликација ќе има задача да ги следи промените во зададените мапи на локалните дискови, и содржините на истите да ги синхронизира со мапите во облак, на сервисот Google Drive. Ова е значајна промена во однос на постоечката апликација која можеше да следи и синхронизира само една мапа – онаа сопствената.

На тој начин, Backup and Sync со својата функција би можел да го замени постоечкиот Google Drive, но и  Google Photos Backup апликацијата и да биде корисно решение за едноставна изработка на сигурносни копии на податоците во облак. Да потсетиме, сите корисници на услугите на Google моментно имаат на располагање 15 GB простор за складирање. 100 GB простор чини 2 долара, а за 1 TB е потребно да се издвојат 10 долари на месец.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

two × one =