Моментно, на пазарот на монитори не недостасуваат заоблени модели. Dell тука придонесува со најновиот 38-инчен UltraSharp закривен модел на дисплеј. Новиот Dell UltraSharp 38 со број на модел U3818DW има WQHD резолуција од 3440 × 1440 пиксели, со 21:9 однос на страници. Ова на корисниците им озвоможува доста дополнителен простор за работа, во споредба со конвенционалните монитори кои нудат формат 16:9.

Покрај ова, новиот Dell монитор има и вградени звучници од девет вати. Мониторот се напојува преку еден 100W USB Type-C. Компанијата не објави други детали за мониторот, како освежувањето и одзивот.

Она што е потврдено е дека Dell UltraSharp 38 мониторот нема да биде евтин, а од 23. јуни ќе се продава по цена од 1500 долари.

ИЗВОР: Ubergizmo