Објавен Call of Duty: WWII мултиплеер трејлерот (Видео)

Sony во текот на својата E3 прес конференција го прикажа новиот трејлер за претстојната игра  Call of Duty: WWII. Во трејлерот се прикажани некои од различните опкружувања, достапни во мултиплеер режимот на играње.

Некои од локациите, наброени во трејлерот ја вклучуваат Нормандија во Франција, Арденската шума во Белгија и Ахен во Германија. Видото ни покажува и делови од гејмплејот, иако механиката на играта не е во фокус на овој трејлер.

Call of Duty: WWII е најавен порано оваа година, а се сугерира дека серијалот се враќа кон неговите корени. Тука е и новиот Divisions систем, а во мултиплеерот е можно да се игра и во улога на женски лик. Иако играта во текот на кампањата се фокусира на автентичност и реалистичност, и натаму тука е Zombie Mode.

ИЗВОР: PCGamer

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

nineteen − 3 =