Неодамна одржаната Google I/O конференција потврди дека Google верува дека вештачката интелигенција и машинското учење ќе бидат работите што ќе бидат во тренд во иднина. Apple сега пробува да ги потсети луѓето дека, иако компанијата премногу не ги форсираше своите идеи за напредните технологии, Apple не зостанува зад Google во AI сегментот.

Во Интервју за MIT Technology Review, Извршниот директор на Apple, Тим Кук спомена некои примери каде што Apple го користи AI со цел своите производи да ги направи подобри. Кук го посочи препознавањето на фотографиите или начинот на кој Apple Music учи што слуша корисникот и ги прилагодува своите препораки на основа на тоа. Дури и батеријата на iPhone сега трае подолго поради тоа што системот за батерија има имплементирана machine learning технологија.

Кук истакнува дека причината што печатот секогаш не го потенцира Apple AI е поради тоа што компанијата сака да говори само за функциите и производите кои е подготвена да ги испорача, додека многу други „продаваат функции“. „Не сакаме да најавуваме работи што ќе ги донесеме во 2019, 2020 или 20121. година. Не поради тоа што немаме за што, туку поради тоа што не сакаме да зборуваме за тоа“, истакна Кук.