Пазарот на мобилни игри ќе вреди 58 милијарди долари

Сите чувствуваме дека се повеќе се играат игри на мобилните телефони, а новите игри, уреди и играчи
ни „претскажуваат“ блескава иднина за мобилната гејмерска индустрија, затоа што живата и квалитетна
графика на новите уреди повеќе ги возбудува играчите.

BIS Research предвидува дека вредноста на овој пазар во следните пет години би можела да ја пробие
и цифрата од 58 милијарди долари. Во 2016 година светскиот пазар на
мобилни игри вредеше 32,29 милијарди долари. Овој пазар дефинитивно ќе се менува и зголемува,
најмногу поради новите технологии за проширена и виртуелна реалност.

Инаку, најголем дел од мобилните игри се стратегии и загатките. Најисплатливи и најпопуларни
игри во светот во моментот се Clash of Clans, Game of War: Fire Age и Puzzles and Dragons.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

nine + 7 =