Новиот Xiaomi Mi Notebook Air 13 стигнува со сензор за отисоци

Xiaomi ја објави освежената верзија на Mi Notebook Air лаптопот, кој иницијално беше објавен во Кина минатата година. Моделот од 13.3 инчи сега пристигнува со посилни карактеристики, како и со сензор за отисоци кој е главна карактеристика на лаптопот. Xiaomi претходно објави верзија на лаптопот со 4G LTE поддршка, како и 12,5-инчен модел со Intel Core M3 процесор.

Новиот Xia mi Mi Notebook Air 13 го покренува седмата генерација Intel Core i7 процесор @3.0GHz, а Xiaomi ветува подобрување на перформансите од 10 проценти во однос на претходникот. Достапна е и конфигурација со седмата генерација Core i5 процесор.

Остатокот од карактеристиките вклучуваат 8GB DDR4 RAM и до 256GB PCIe SSD. Новиот модел има и сензор за отисоци, како и контрола за пристап на лаптопот. Тука е и Nvidia GeForce MX150 графичката картичка со 2GB GDDR5 видео меморија. Како и претходните модели, новиот Xiaomi Mi Notebook Air има и AKG звучници.

Xiaomi Mi Notebook Air во Кина е достапен по цена од 737 долари, за Core i5 моделот. Компанијата не потврди дали и кога лаптопот ќе биде објавен надвор од Кина.

ИЗВОР: Ubergizmo

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

one × three =