Sony Xperia L1 телефонот пред околу еден месец стигна во САД, а жителите на Стариот континент дури од оваа недела имаат прилика да го купат овој Android модел од среден сегмент. Xperia L1 од јуни во одредени Европски земји ќе се најде по цена од 199 евра. Подоцна ќе се прошири на повеќе пазари.

Xperia L1 претставува стандарден мобилен телефон со карактеристики од средната класа. Тука е MediaTek MT6737T процесорот од 1.45GHz, 2GB RAM и 16 GB простор за складирање. Телефонот има 5,5-инчен дисплеј со HD (720p) резолуција, 13 MP камера на задниот дел со LED блиц и 5 MP предна камера.

Телефонот работи под Android 7.0 Nougat оперативниот систем, а го напојува 2620 mAh. Дуал-SIM поддршката е достапна само за Xperia L1 Dual моделот.

ИЗВОР: PhoneArena