Пред десетина дена твитер профилот OnLeaks ги објави првите нацрти од мобилниот на Samsung, Galaxy C10. Сега ни стигнуваа и нешто поконкретни информации врзани со хардверот што ќе се најде во куќиштето.

Да потсетиме, Galaxy C10 ќе биде прв модел на Samsung со две позадински камери и на пазарот би требало да се појави во текот на третото тримесечје од 2017 година. Кинескиот извор наведува дека ќе го има процесорот Snapdragon 660, 6 GB RAM и 6-инчен екран со Full HD резолуција.

Изворот надевува дека постои можност, доколку не биде можно на време да се произведат доволен број Snapdragon процесори, Galaxy C10 да го добие шестојадрениот чип на Samsung – Exynos 7872. Но, за тоа повеќе ќе знаеме по официјалното претставување.

Galaxy C10 ќе има и батерија со капацитет 4.000 mAh  и две различни изведби – со 64 GB и 128 GB интерна меморија. Судејќи според последните нацрти би можел да има и копче за гласовниот асистент Bixby.