Покрај прекраткото траење на батеријата, еден од најголемите проблеми на корисниците на мобилните уреди е недостатокот на меморија за сместување голем број фотографии, видеозаписи, апликации и слично. Поголемиот дел од мобилните компании за ваквите проблеми имаат едноставно решение – можност за користење на мемориски картички со кои тој простор може повеќекратко да се зголеми, но оваа опција не им е достапна на корисниците на смартфоните на Apple, кои ја имаат на располагање само интерната меморија на телефонот. Се до неодамна, почетниот и најевтин модел на iPhone доаѓаше со 16 GB меморија, а сегашниот почетен модел доаѓа со 32 GB меморија што исто така не може да го задоволи поголемиот дел од корисниците.

Со новата верзија на оперативниот систем за iPhone и iPad (iOS 11), Apple претстави делумно решение кое ќе помогне во ослободување на меморијата. Тоа решение и натаму нема врска со мемориските картички, туку со бришењето апликации и iOS 11 ќе има опција која автоматски ги брише апликациите кои не се користат често, при што на телефонот остануваат сместени сите податоци врзани со тие апликации. Кога таквите апликации ќе сакате повторно да ги стартувате, ќе морате повторно да ги преземете на телефонот и потоа да ги користите, но секако, само ако на телефонот има доволно меморија за нивна инсталација.

Оваа опција (Offload Unused Apps) ќе биде достаона под поставките на iTunesa и App Store, односно во телот на поставките со кои се управува со сместувањето на податоците, а ќе биде достапна и опцијата за мануелно бришење апликации, но задржување на сите нивни документи и податоци.