Huawei официјално го објави новиот Y7 Prime телефон, кој претставува наследник на минатогодишниот Y6 модел. Смартфонот на пазарите во развој ќе се најде по цена околу 240 долари.

Новиот модел ќе пристигне со алуминиумско куќиште што му дава премиум изглед. Тука е и поголемиот IPS дисплеј со 2.5D стакло, како и голема  4000mAh батерија.

Huawei Y7 Prime го покренува Snapdragon 435 процесот, има 3GB RAM и 32 GB простор за складирање. На задната страна на уредот се наоѓа 12 MP камера, додека од предната страна има 8 MP сензор. За софтверската поддршка е задолжен Android 7.0 Ноугат со EMUI 5.1 кориснички интерфејс.