Видливо е дека интернет прегледувачите за мобилни уреди полека стануваат се подобри, посебно кога е во прашање работниот век на батеријата и перформансите, што е посебно битно за смартфоните. Google неодамна ја објави новата верзија на Chrome браузерот за Linux, Mac и Windows, но тогаш беше изоставена поддршката за Android.

Од денеска, најновиот Chrome 59 е достапен и за Android платфромата, а со себе донесува некои битни подобрувања. Новата верзија на Chrome дополнително го подобрува вчитувањето на веб-страниците, за 10 до 20 проценти. Исто така, прегледникот сега користи помалку меморија, благодарејќи на ажурираниот JavaScript.

Chrome 59 за Android донесува и некои исправки на грешките, подобра стабилност, како и поддршка за аниминираните PNG фајлови.